НАГРАДАТА „СТАЛЕ ПОПОВ“ ЗА РОМАНОТ „ПАПОКОТ НА СВЕТЛИНАТА“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ

НАГРАДАТА „СТАЛЕ ПОПОВ“ ЗА РОМАНОТ „ПАПОКОТ НА СВЕТЛИНАТА“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ

 

Добродојдовте во Библиотека Куманово

Ова е официјалноиот сајт на ЈОУ Библиотека Тане Георгиевски – Куманово.
Ќе ве информираме за сите новини, книги и останати услуги кои ги нуди библиотеката.

9 votes, 4.33 avg. rating (85% score)

Протоколи за работа за библиотеки

ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово, од 06 (понеделник) 07.2020 година повторно почнува да работи со корисници. Во согласност со мерките и препораките од Владата на РСМ по предлог заклучоци од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, донесе одлука за отпочнување со работа на библиотеките.
ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово ќе продолжи да работи со задолжително почитување на протоколот за работа на библиотеки:

ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА COVID-19 ИНФЕКЦИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ВО БИБЛИОТЕКИ, МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ И ДРУГИ ИЗЛОЖБЕНИ ПРОСТОРИ, ПОТРЕБНО Е ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА:
• Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето;
• Одржување на потребното физичко растојание;
• Обезбедување честа дезинфекција на рацете и
• Редовно чистење и дезинфекција на средината/просторијата/објектот.
• Сите вработени лица и посетители, задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата.
• Одржување на потребното физичко растојание меѓу вработените, како и меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри.
• Ограничување на бројот на посетители согласно квадратурата на просторот, на 15 посетители на 100м² нето површина (површина предвидена за движење на посетителите, односно од бруто површината одземена површината на експонатите, мебел и друга опрема).
• Регулирање на бројот посетители во објектот, така што, откако ќе влезе максимално дозволениот број на посетители, повторно ќе може да влезат нови посетители, откако претходно ќе излезе и последниот посетител или на еден излезен посетител може само еден посетител да влезе.
• Задолжително да се одредат лица за контрола на спроведување на мерките пред влезот и во самиот објект.
• Пред влезот на објектот, да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
• На видни места да се постават известувања за забрана за допирање на изложените експонати и површините со кои се заштитени експонатите. Сите површини кои се изложени на често допирање од старана на посетителите, треба континуирано често да се пребришуваат со дезинфициенси на база на алкохол.

РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работата со корисниците ќе се одвива во една смена од 08:00-16:00 часот. Сабота е неработна.

РАБОТА СО КОРИСНИЦИ:
Само за враќање и позајмување книги.
Обновување на членството и запишување на нови корисници.
Читалните нема да работат се до новите упатства.

ВРАЌАЊЕ НА ПОЗАЈМЕНИТЕ КНИГИ:
Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови.
Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за издавање.
Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници.
На корисниците нема да им биде овозможено слободно пребарување по фондот.

0 votes, 0.00 avg. rating (0% score)

Mерките и препораките од Владата

С О О П Ш Т Е Н И Е
Јавната Општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово нема да работи до 26 март, применувајќи ја Одлуката на Владата.
Рокот за враќање на книгите на сите читатели, кои што позајмиле книга од Библиотеката ќе биде автоматски продолжен за овој период.
Одлуката стапува на сила веднаш. За сите информации ве молиме да не исконтактирате на тел.бр. 071/ 444-954 или на e mail на библиотеката: biblioteka.kumanovo@gmail.com.
Со почит
Јавната Општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово

0 votes, 0.00 avg. rating (0% score)

Кодекс за административни службеници

Кодекс за административни службеници

0 votes, 0.00 avg. rating (0% score)

Дигитализирани примероци од Наш Весник

https://issuu.com/bibliotekakumanovo/docs

НАШ ВЕСНИК 1961

БРОЈ 1 https://issuu.com/bibliotekakumanovo/docs/br.1_od_11.10.1961
БРОЈ 2 https://issuu.com/bibliotekakumanovo/docs/br.2_od_10.11.1961
БРОЈ 3 https://issuu.com/bibliotekakumanovo/docs/br.3_od_29.11.1961
БРОЈ 4 https://issuu.com/bibliotekakumanovo/docs/br.4_od_15.12.1961

1 vote, 5.00 avg. rating (89% score)

Книга на месецот: “Потекло” – Ден Браун

Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија на „Харвард“ пристигнува во ултрамодерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да присуствува на едно многу важно соопштение – објавувањето на едно откритие кое „засекогаш ќе ја промени науката“. Домаќин на вечерта е Едмонд Кирш, четириесетгодишен милијардер и футурист чии зашеметувачки, високотехнолошки пронајдоци и смели предвидувања го направиле светски почитувана личност. Кирш, кој пред две децении бил еден од првите студенти на Лангдон на „Харвард“, само што не објавил едно неверојатно откритие…
Но, детално испланираната вечер одеднаш се претвора во хаос, а на скапоценото откритие на Кирш му се заканува опасност да биде загубено засекогаш.

0 votes, 0.00 avg. rating (0% score)

150 нови наслови на Англиски јазик

 

150 нови наслови на Англиски јазик

150 нови наслови на Англиски јазик

1 vote, 5.00 avg. rating (89% score)

Утрински весник“ 14. пат ќе ја додели престижната литературна награда ’Роман на годината’

Катерина Богоева

„Наградата ’Роман на годината’ ми е важна и дојде во вистински момент како потврда за патот кој го зацртав пред себе. Ме стимулираше да завршам со некои други обврски, но и ми наметна нови предизвици. Како награда за прва книжевна објава воопшто, ми беше знак да верувам повеќе во себеси, а воедно и да ги споделувам своите искуства со вистинските вљубеници на пишаниот збор. Стекнав нови пријатели – читатели и писатели. Најмногу поради нив сум среќна“, изјави деновиве м-р Снежана Младеновска-Ангелков, добитничка на минатогодишната награда „Роман на годината“ на „Утрински весник“, која и’ беше доделена за романот „Единаесет жени“. Случајно, договорениот ден за фотографирање беше првиот снежен ден во Скопје, каде што младата писателка и живее, а со неа денеска и го стартуваме, годинешниот, 14. по ред, конкурс за престижната награда за роман која постои од 1999 година, годината кога стартуваше и „Утрински весник“. Наградата без поговор привлекува големо внимание кај читателите, писателите, издавачите, за што говори и фактот дека досега за неа конкурирале над 400 романи, а само минатата година на објавениот конкурс пристигнаа 31 роман.

0 votes, 0.00 avg. rating (0% score)

Препораки за “Вештица”

vestica“Кој не ја видел – тој не се родил
кој ја видел а не ја вкусил – тој умрел
кој ја вкусил – тој не куртулил,
оти ќе живее.
Јас, а можеби и Ти” (Венко Андоновски – Вештица)

 

Петре М. Андреевски за “Вештица”:

“Книга која со ист восхит (да не речам со ист лезет) може да се чита на сите меридијани… Венко Андоновски во романот “Вештица” ги урива сите стереотипи и со несмалена кондиција испишува антологиски страници, освојувајќи нови белетристички врвови. По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот “Вештица”, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал.”

Георги Старделов за “Вештица”:

Вештица“ е една романескна мистерија, една голема и неспоредлива метафизичка алегорија за овој свет во кој живееме, Таа е дело на еден писател кој е истовремено мислител и поет, творец и теоретичар. „Вештица“ е навистина суров роман во сурова, како вели авторот, состојба на суровоста на инквизицијата, во и величав роман за љубовта која единствено можеше неа да ја победи. Со сето тоа заедно „Вештица“ е роман (роман значи во сурова состојба) во кој, меѓутоа, како на дланка го гледаме и она што било во романот од минатото пред повеќе столетија, печатено во обичен гармонд, но и она што се одвива во него, сега, пред нас и во нас, во нашата современост, напечатено на италик.“ 

0 votes, 0.00 avg. rating (0% score)

Најчесто поставувани прашања

Работно време на Библиотеката?
Библиотеката работи секој работен ден од 07-19 часот и во сабота од 07-15 часот.

Упис во Библиотеката?
Уписите трајат во текот на целата година и членството важи една година од денот на уписот.

Членарина?
Информација за висината на членарината може да најдете ТУКА.

2 votes, 4.00 avg. rating (79% score)