Најчесто поставувани прашања

Работно време на Библиотеката?
Библиотеката работи секој работен ден од 07-19 часот и во сабота од 07-15 часот.

Упис во Библиотеката?
Уписите трајат во текот на целата година и членството важи една година од денот на уписот.

Членарина?
Информација за висината на членарината може да најдете ТУКА.

Број на книги за позајмување и рок на враќање на книги?
Секој член може да позајми најмногу три книги заради подеднаква можност на позајмување на истите. Книгите треба да се вратат во рок од 15 дена. Постои можност за продолжување на овој рок за уште 15 дена. По овој период книгите мора задолжително да се вратат. Доклку не се вратат се наплаќа задоцнина согласно ценовникот.

Резервирање на книги и нивно продолжување?
Книгите можат да се резервираат или продолжат на неколку начина:

  • лично преку позајмна служба,
  • преку web страницата на библиотеката,
  • преку Facebook.

Пребарување на книги?
Книгите можат да се пребарат преку web страницата www.vbm.mk каде по избирање на vlez vo cobiss/opac се оди на “javni biblioteki” каде што се избира нашата библиотека и сте во можност да пребарувате по зададени критериуми.

Работно време на читалната?
Читалната работи секој работен ден од 07-19 часот и во сабота од 07-15 часот.

Користење на копир, комјутер, скенер или принтер?
Сите овие услуги се достапни и се наплаќаат согласно ценовникот.

Најчесто поставувани прашања
2 votes, 4.00 avg. rating (79% score)