Monthly Archives: July 2020
Протоколи за работа за библиотеки
ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово, од 06 (понеделник) 07.2020 година повторно почнува да работи со корисници. Во согласност со мерките и препораките од Владата на РСМ по предлог заклучоци од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, донесе одлука за отпочнување со работа на библиотеките.
ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово ќе продолжи да работи со задолжително почитување на протоколот за работа на библиотеки:
ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА COVID-19 ИНФЕКЦИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ВО БИБЛИОТЕКИ, МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ И ДРУГИ ИЗЛОЖБЕНИ ПРОСТОРИ, ПОТРЕБНО Е ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА:
• Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето;
• Одржување на потребното физичко растојание;
• Обезбедување честа дезинфекција на рацете и
• Редовно чистење и дезинфекција на средината/просторијата/објектот.
• Сите вработени лица и посетители, задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата.
• Одржување на потребното физичко растојание меѓу вработените, како и меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри.
• Ограничување на бројот на посетители согласно квадратурата на просторот, на 15 посетители на 100м² нето површина (површина предвидена за движење на посетителите, односно од бруто површината одземена површината на експонатите, мебел и друга опрема).
• Регулирање на бројот посетители во објектот, така што, откако ќе влезе максимално дозволениот број на посетители, повторно ќе може да влезат нови посетители, откако претходно ќе излезе и последниот посетител или на еден излезен посетител може само еден посетител да влезе.
• Задолжително да се одредат лица за контрола на спроведување на мерките пред влезот и во самиот објект.
• Пред влезот на објектот, да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
• На видни места да се постават известувања за забрана за допирање на изложените експонати и површините со кои се заштитени експонатите. Сите површини кои се изложени на често допирање од старана на посетителите, треба континуирано често да се пребришуваат со дезинфициенси на база на алкохол.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работата со корисниците ќе се одвива во една смена од 08:00-16:00 часот. Сабота е неработна.
РАБОТА СО КОРИСНИЦИ:
Само за враќање и позајмување книги.
Обновување на членството и запишување на нови корисници.
Читалните нема да работат се до новите упатства.
ВРАЌАЊЕ НА ПОЗАЈМЕНИТЕ КНИГИ:
Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови.
Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за издавање.
Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници.
На корисниците нема да им биде овозможено слободно пребарување по фондот.