Популаризација на книгата
Популаризација на книгата во Библиотеката се остварува преку промоции на книги, средби со писатели, литературни читања, организирани посети на просториите на Библиотекта за најмалите, изложби на книги, литературни конкурси, медиумски настапи, претставувања на најнови наслови и издавачки куќи и сите други книжевни манифестации и настани на кои во центарот на вниманието е книгата.
Секоја година се претставуваат автори и дела кои се добитници на годишните литературни награди во Република Македонија.
Наградените автори ќе се претставуваат со своите дела пред кумановската литературна публика преку промоции, што традиционално, Библиотеката ги практикува речиси две децении.
Leave a Reply
You must be logged in to post a comment.