Позајмна служба
Позајмните служби во Одделот за деца и Одделот за возрасни ја вршат основната позајмна дејност во Библиотеката, а во нив на корисниците им се достапни и услугите што ги нудат Роднокрајниот одел и Периодиката. Преку Одделот за возрасни е овозможено користење на читална, користење на скенер, копир или принтер како и користење на интернет, независно од тоа дали ќе се користат компјутерите од Библиотеката или сопствените.
Исто така овој Оддел преку програмата COBISS води евиденција за секој читатетел и за неговите потреби од аспект на следење на литература што го интересира, резервација на книга, користење на други услуги од Библиотеката, користење на читална. Притоа Библиотеката целосно го почитува правилото на класификација на информации со што се гарантира тајноста на сите овие податоци.
Со следењето на новите технолошки трендови се овозможува потребната информација, освен по непосреден пат, да се добие и по електронски пат од било кое место. Со ваквото следење на потребата на корисниците на библиотечните фондови – овозможување на потребната литература во што пократок рок, се придонесува и до напредок на услугите што ги нуди Библиотеката, што е една од основните цели на оваа културна институција.
Leave a Reply
You must be logged in to post a comment.