Роднокраен оддел и периодика

Библиотечната граѓа во Роднокрајниот оддел претставува културно богатство за Библиотеката, но во исто време е и културен траен документ за сите случувања во Општината Куманово. Заради тоа секогаш се посветува посебно внимание на собирање, комлетирање и обработка на ваквиот вид на библиотечен материјал.

Според стандардот за обработка на роднокрајна библиотечна граѓа СОРД, во овој Oддел спаѓаат монографски публикации кои се од роднокрајни автори или тематски се врзуваат за Куманово и Кумановско. Исто така тука спаѓаат и разни ракописи, докторски дисертации, магистерски трудови, раритетни збирки, музикалии, ЦД – ромови, како и многуброен дробен печат – плакати , каталози, флаери и рекламни постери.

Leave a Reply