Monthly Archives: March 2013

Најчесто поставувани прашања

Работно време на Библиотеката?
Библиотеката работи секој работен ден од 07-19 часот и во сабота од 07-15 часот.

Упис во Библиотеката?
Уписите трајат во текот на целата година и членството важи една година од денот на уписот.

Членарина?
Членарина за една година изнесува 200 денари во Одделот за возрасни и 150 денари во Одделот за деца. Постајат и други попусти кои се однесуваат на групно или фамилијарно запишување.