Стручна обработка
Целокупниот новопристигнат материјал веднаш се обработува и во што е можно најкус рок се става на располагање на корисниците. При обработка се применуваат стандардизирани библиотечни правила и прописи, според усвоените меѓународни библиотечни стандарди International Standard Bibliographic Description (ISBD) за монографски публикации и Универзална децимална класификација Universal Decimal Classification (UDK).
Во електронскиот каталог, освен што ќе се надополнува со нови наслови книги, се продолжува со ретроактивно внесување на старите книги заради комплетна каталошка евиденција на целокупниот книжен фонд на Библиотеката. Овој каталог, покрај за основна евиденција, служи и за информирање за достапноста на одредена книга или наслов на сите читатели, воедно и потенцијални нови корисници, кои можат по електронски пат од било кое место да проверат дали посакуваниот наслов се наоѓа во фондот на Библиотеката.
Leave a Reply
You must be logged in to post a comment.