Препораки за “Вештица”

vestica“Кој не ја видел – тој не се родил
кој ја видел а не ја вкусил – тој умрел
кој ја вкусил – тој не куртулил,
оти ќе живее.
Јас, а можеби и Ти” (Венко Андоновски – Вештица)

 

Петре М. Андреевски за “Вештица”:

“Книга која со ист восхит (да не речам со ист лезет) може да се чита на сите меридијани… Венко Андоновски во романот “Вештица” ги урива сите стереотипи и со несмалена кондиција испишува антологиски страници, освојувајќи нови белетристички врвови. По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот “Вештица”, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал.”

Георги Старделов за “Вештица”:

Вештица“ е една романескна мистерија, една голема и неспоредлива метафизичка алегорија за овој свет во кој живееме, Таа е дело на еден писател кој е истовремено мислител и поет, творец и теоретичар. „Вештица“ е навистина суров роман во сурова, како вели авторот, состојба на суровоста на инквизицијата, во и величав роман за љубовта која единствено можеше неа да ја победи. Со сето тоа заедно „Вештица“ е роман (роман значи во сурова состојба) во кој, меѓутоа, како на дланка го гледаме и она што било во романот од минатото пред повеќе столетија, печатено во обичен гармонд, но и она што се одвива во него, сега, пред нас и во нас, во нашата современост, напечатено на италик.“ 

Препораки за “Вештица”
0 votes, 0.00 avg. rating (0% score)